Утрински Весник
Свет

(Видео) Тепачка во чешкиот парламент, полицијата ќе ги казни учесниците кои не носеле маски

(Видео) Тепачка во чешкиот парламент, полицијата ќе ги казни учесниците кои не носеле маски

Дебата во долниот дом на чешкиот парламент денеска се претвори во тепачка.

Откако му беше исклучен микрофонот поради искажани навреди, Лубомит Волни, независен пратеник од листата на чешки радикални националисти, влезе во борба со претседателот, Томаш Ханзел од редовите на социјалдемократите.

На крајот, обезбедувањето го избркало Волни од салата, а полицијата го истражува кршењето на мерките за заштита од коронавирусот, како и одбивањето на Лубомит Волни и неговиот колега Маријан Бојко да носат маски.

Во Чешка, кршењето на мерките се казнува со 400 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови