Утрински Весник
Свет

Шпанија се подготвува за температури од 42 степени

Температурите во делови од јужна Шпанија утре ќе надминат 42 степени, додека топлотниот бран ќе донесе правливо небо, зголемен ризик од шумски пожари и топли услови како што се почести во средината на летото отколку во средината на мај, објавија медиумите.

dobivaj vesti na viber

Шпанската влада започна национален план за екстремни температури, откако метеоролошката агенција предупреди дека овој мај во Шпанија ќе биде еден од најтоплите во изминатите неколку години, објави „Гардијан“.

Од метеоролошката агенција додаваат дека воздушната маса на топол и сув воздух пристигнува од Африка, а со себе носи прашина од Сахара и исклучително високи дневни температури, кои се за 10 до 15 степени над сезонскиот просек.

„Најновите податоци од метеоролошките модели го потврдуваат силниот интензитет на овој топлотен бран“, изјави портпаролот на „Аемет“, Рубен дел Кампо.

Тој додаде дека за Шпанија ова може да биде најинтензивниот топлотен бран во мај во последните 20 години.

Најтопло ќе биде во петок и сабота, а потоа во недела ќе има голем пад на температурата.

Метеорологот соопшти дека температурите во Андалузиската долина денеска би можеле да надминат над 40, а утре ќе бидат и до 42 степени.

„Дури и топлотниот бран да се смири некаде, во североисточната долина Ебро повторно би можеле да се измерат температури од 40 или повеќе степени. Тоа е нешто што не е забележано во овој период“, додаде Дел Кампо.

Шпанија ја забележа најтоплата температура досега во август, кога живата во термометарот во градот Монторо во Андалузија достигна 47,4 степени.

Дел Кампо ги предупреди граѓаните на екстремен ризик од шумски пожари во јужните, централните и североисточните области и рече дека очекуваат нов облак од прашина.

„Се соочуваме со екстремна епизода и ризикот од високи температури ќе биде изразен во многу области“, рече Дел Кампо.

Можете да прочитате

Во САД марихуаната ќе биде класифицирана како помалку опасна дрога

Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел