Утрински Весник
Свет

Шпанија почнува со вакцинација против коронавирус на 27 декември

Шпанија почнува со вакцинација против коронавирус на 27 декември

Шпанија ќе почне кампања за вакцинација против коронавирусот во недела на 27 декември, еден ден откако во земјата ќе стигнат првите дози на вакцината, соопшти денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

„Пристигнувањето на вакцината значи почеток на крајот на пандемијата, но не и крај. Треба да останеме внимателни и будни и да се придржуваме до мерките“, рече Ила на прес-конференција.

Тој ги повика Шпанците да бидат претпазливи во пресрет на Божиќните и новогодишните празници, затоа што ситуацијата со епидемијата повторно е влошена.

Шпанија прво ќе ги вакцинира медицинскиот персонал и оние со висок ризик како што се жителите на домови за пензионери.

Во Шпанија од почетокот на пандемијата има вкупно 1,9 милиони заразени и е меѓу првите десет најпогодени земји во светот. Досега во земјата од Ковид-19 починаа скоро 49.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови