Утрински Весник
Свет

Шпанија почнува со вакцинација против коронавирус на 27 декември

Шпанија почнува со вакцинација против коронавирус на 27 декември
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанија ќе почне кампања за вакцинација против коронавирусот во недела на 27 декември, еден ден откако во земјата ќе стигнат првите дози на вакцината, соопшти денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

„Пристигнувањето на вакцината значи почеток на крајот на пандемијата, но не и крај. Треба да останеме внимателни и будни и да се придржуваме до мерките“, рече Ила на прес-конференција.

Тој ги повика Шпанците да бидат претпазливи во пресрет на Божиќните и новогодишните празници, затоа што ситуацијата со епидемијата повторно е влошена.

Шпанија прво ќе ги вакцинира медицинскиот персонал и оние со висок ризик како што се жителите на домови за пензионери.

Во Шпанија од почетокот на пандемијата има вкупно 1,9 милиони заразени и е меѓу првите десет најпогодени земји во светот. Досега во земјата од Ковид-19 починаа скоро 49.000 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повеќе од 2.000 летови во САД денеска се одложени поради снежната бура

Лавров: Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма

СБ на ОН ќе се состане утре поради израелското признавање на Сомалиленд