Утрински Весник
Свет

Шпанија планира да испрати борбени авиони во Бугарија

Шпанија планира да испрати борбени авиони во Бугарија

Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес изјави денеска дека шпанските воени бродови и борбени авиони распоредени во Источна Европа не се офанзивни, туку се фокусирани на стабилност и одвраќање.

„Ова се постојани мисии на стабилност и одвраќање и на никаков начин не се офанзивнии“, рече Роблс за време на интервјуто за радио станицата SER, според Ројтерс.

Шпанија претходно распореди борбени авиони во балтичките земји за да придонесе во програмата за воздушно надгледување на НАТО.

Министерот Роблес минатата недела изјави дека Шпанија испратила и два воени брода во Медитеранот и Црното Море и дека размислува да испрати уште воени бродови во Бугарија.

Можете да прочитате

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години

Речиси половина од Германците се против формирање влада на AfD во Саксонија-Анхалт