Утрински Весник
Спорт

Шпанија негира дека истражува како Ѓоковиќ влегол во државата

Шпанија негира дека истражува како Ѓоковиќ влегол во државата
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Министерството за надворешни работи на Шпанија, преку соопштение демантира дека полицијата истражува под кои услови, Новак Ѓоковиќ, влегол во државата.

Вчера, голем број медиуми објавија дека Владата на Шпанија, побарала да се истражаи како Ѓоковиќ влегол во државата. Српски државјани во Шпанија можат да влезат само со потврда за примени две дози вакцина.

Screenshot

Можен е влез и со медицински исклучок, но Шпанците тврдат дека Ѓоковиќ не побарал и добил таква дозвола ниту од амбасадата на Шпанија во Србија, ниту пак од било каков друг државен орган.

Ѓоковиќ бил во Шпанија од 31.декември до 3.јануари. Тој од Марбеља се упати кон Дубаи, а потоа кон Мелбурн.

На прашењето дали знае дека Ѓоковиќ бил во Шпанија, министерот за надворешни работи, Хосе Мануел Албарес, вчера одговорил.

„Немам информации дека Ѓоковиќ бил во Шпанија. Владата на Австралија не не контактираше, ниту пак од нас бараше некаква документација“.

Најновите информации говорат дека министерстовото не побарало да биде истражено како Ѓоковиќ влегол во државата.

„Таа информација е лажна. Ниту Владата нареди, ниту е покрената истрага од страна на полицијата во врска со споменатиот спортист“, изјавил портпаролот на министерстовот за надворешни работи на Шпанија.

> Шпанија негира дека истражува како Ѓоковиќ влегол во државата <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори