Утрински Весник
Свет

Шпанија го враќа полицискиот час

Шпанија го враќа полицискиот час

Шпанија повторно го враќа полицискиот час во дел од регионите, како и ограничувањата за ноќниот живот, со цел да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаразени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата.

Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на епидемијата, ограничуваат собири на 10 лица и ги враќаат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион на Астуриас забрани работа на барови.

Бројот на заразени со Ковид-19 во Шпанија сега е повеќе од трипати поголем меѓу младите од 30 години во однос на просекот.

Бројот на случаи на 100.000 жители на национално ниво вчера се искачи на 368 случаи.

Шпанија целосно вакцинираше повеќе од 21 милиони луѓе или 46 проценти од вкупното население. Од нив, само околу 600.000 се на возраст под 30 години.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата