Утрински Весник
Свет

Шолц: Санкциите кон Русија ни штетат и на нас, но се правилен потег

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека Берлин ќе испраќа оружје во Украина сè додека е тоа потребно.

Тој рече дека неговото патување во Киев минатата недела и неговата средба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, јасно покажале дека Украина ѝ припаѓа на Европа.

„Западот не прифаќа насилен напад врз Украина“, рече тој во говорот пред Германската индустриска асоцијација, додавајќи дека поради тоа Украина е многу снабдена со оружје и се воведуваат санкции кон Русија.

„Овие санкции функционираат. Да, овие санкции ни нанесуваат штета и на нас. Тие им штетат на нашите компании, но се правилен потег“, рече тој.

Шолц заклучи дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина со испраќање оружје се додека на земјата ѝ е потребна поддршка.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик