Утрински Весник
Економија

Бектеши: Глоби до 10.000 евра и забрани за вршење на дејност за трговците кои работат со нечесни практики

Ss2

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција информира дека на предлог на неговото министерство, Владата го усвоила новиот предлог-закон за заштита на потрошувачи.

Како што посочи министерот, главната цел на политиката за заштита на потрошувачите во Република Севернa Македонија е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

300x250 (7)

„Сите граѓани треба да уживаат високи стандарди на заштита на потрошувачите како и заштита на интересите на економски послабите учесници, односно ранливите категории на граѓани во деловните трансакции на пазарот“, нагласи Бектеши.

Предлог-законот го претстави како модерна рамка која обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.

„Она што е новина и клучно во ова ново законско решение е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини, како и правата и обврските“, посочи министерот.

Тој објасни дека одредена трговската практика е нечесна, доколку материјално го нарушува економскиот интерес и однесувањето на просечниот потрошувач во однос на производот.

„Кога трговецот дава неточни информации за пазарните услови или за достапноста на стоката со намера да се наведе потрошувачот да ја набави стоката под услови што се понеповолни од вообичаените пазарни услови“, истакна Бектеши.

Одредена трговска практика се смета за измамничка, пак, доколку содржи лажни информации, го доведува во заблуда просечниот потрошувач, дури и кога информациите фактички се точни, а во кој било од случаите предизвикува или е веројатно дека ќе предизвика просечниот потрошувач да донесе пазарна одлука што инаку не би ја донел.

„Агресивна трговска практика е онаа која по пат на вознемирување, принуда, вклучувајќи и употреба на физичка сила или прекумерно влијание, значително ги нарушува слободата на избор на просечниот потрошувач или неговото постапување во врска со стоката“, нагласи министерот.

Тој истакна дека потрошувачите чии права се повредени со користење на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата која ја претрпеле, имаат право и на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците следат глоби, санкции и забрана за вршење на дејност.

„За прекршување на одредбите од овој Закон предвидени се и глоби и тоа:

-За микро трговци глоба во износ од 500 до 1.000 евра, а 150 евра за одговорното лице;
-За мал трговец глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра, а 250 евра за одговорното лице;
-За среден трговец глобата изнесува од 2.000 до 5.000 евра, а 350 евра за одговорното лице;
-За големите трговци глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра, а 500 евра за одговорното лице;
-Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице, односно на трговецот – поединец за прекршокот.

Во делот на прекршочните санкции предвидена е привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од три месеци до две години, од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок.

На одговорните лица пак е кај правни лица, е предвидена забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, од страна на надлежен суд, а кај трговецот-поединец во траење од 15 до 30 дена, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок“, објасни Бектеши.

Министерот информира и дека на предлог на ресорното министерсво од страна на Владата денеска е усвоена и информација за да се изготви нов посебен закон за нефер трговски практики со кој целосно ќе се транспонираат европските директиви за нефер трговски практики во односите „бизнис до бизнис“ во синџирот на снабдување со земјоделство и храна, во национален закон за да се уреди состојбата од појава на нерамнотежа во преговарачката моќ помеѓу добавувачите и купувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Ss1

Можете да прочитате

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk

МЗШВ: Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка