Утрински Весник
Спорт

„Шокиран сум, мислев дека ќе одам во Сакраменто“

„Шокиран сум, мислев дека ќе одам во Сакраменто“

Кајл Кузма, кариерата ќе ја продолжи во Вашингтон Визардс. Крилниот играч открил дека бил шокиран кога ЛА Лејкерс му соопштиле дека го трејдувале во тимот од престолнината на САД.

Кузма знаел дека Лејкерси работата на неговиот трејд. Бил подготвен за преселба во Сакраменто Кингс, кој според него веќе бил договорен.

„Покиран сум, мислев дека ќе одам во Сакрамент. Трејд за Бади Хилд, договорено беше. Си реков дека не е лош избор, од Сакраменто до Лос Анџелес се стигнува за 45 минути со авион. Тоа не е лошо. И потоа, како гром од ведро небо дојде информацијата дека треба да одам во Вашингтон“, рекол Кузма.

ЛА Лејкерс го избреаа Кузма како 27.пик, на драфтот во 2017 година. На почетокот играше одлично, но во последните две и пол сезони неговата форма се движи по надолна линија.

Кузма со уште тројца беше дел од пакетот кој го донесе Расел Вестбрук во Лејкерси.

> „Шокиран сум, мислев дека ќе одам во Сакраменто“ <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ