Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Зимската служба е спремна и оваа година снегот нема да ја изненади

Шилегов: Зимската служба е спремна и оваа година снегот нема да ја изненади

Скопските градски власти информираат дека за претстојната зимска сезона обезбедени се околу 4.000 тони индустриска сол, од кои околу 1.000 тони се залиха од минатата година.

Градоначалникот Шилегов денеска го посети пунктот на зимската служба во кругот на фабриката „Железара“ и се увери дека обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини.

„Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за кои е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба“, порача Шилегов.

Обезбедените ресурси на зимската служба се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ – асфалтната база во кругот на фабриката „Железара“, Стара механизација на улица Христо Татарчев во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улица Лепенец.

Во пунктовите се организирани 24-часовни дежурства, а ресурсите ќе се употребуваат согласно со временските услови.

И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева