Утрински Весник
Свет

Шефот на НАТО повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал

Шефот на НАТО повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал, по извештаите дека данските власти и помогнале на американската Агенција за национална безбедност (НСА) да ги прислушкува познатите европски политичари.

„Земјите вклучени во случајот се сојузници на НАТО и тие треба да ги стават сите факти на маса и да откријат што всушност се случило“, рече Столтенберг за данскиот јавен радиодифузер.

Тој рече дека случајот фрли лошо светло на Данска, но дека довербата во НАТО останува недопрена.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел побараа целосно објаснување од владата во Копенхаген.

Данскиот премиер Мете Фредериксен изјави дека нема систематски надзор над сојузниците и дека не верува дека се нарушени односите на Данска со Германија и Франција.

Можете да прочитате

Поднесено обвиниение против напаѓачот кој со нож повреди 11 лица во воз во Британија

Фереро нема да купува лешници од Турција, можно е зголемување на цената на Нутела!

Украински дронови погодија руски нафтен терминал