Утрински Весник
Македонија

Шест повредени меѓу кои и деца во сообраќајка кај Маврово

Почина возач на автомобил кој излетал на патот меѓу селата Стојаково и Богородица

Шестмина повредени, од кои две деца на возраст од пет и три години, во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровската крстосница, помеѓу две возила.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на едното возило – В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од другото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

13-годишник тешко повреден во сообраќајка – возачот избегал, па бил фатен од полицијата

Потпишан Меморандум за разбирање со Фронтекс

Спречен обид за криумчарење хашиш, едно лице е приведено