Шекил О’Нил се збогуваше со својата мега-палата во Орландо, Флорида, за неверојатни 16.5 милиони долари.
48-годишната легенда на НБА лигата успеа да го продаде гигантскиот дом откако ја намали првичната цена за речиси 12 милиони долари.
Според „Меншн глобал“ тој во 2018 година барал 28 милиони долари.
Целиот комплекс од 31. 000 квадратни метри се простира на површина од преку четири акри. Палатата има 12 спални соби и 12 бањи.