Утрински Весник
Македонија

Шекеринска: Само во ИЕ 5 поддржавме 4.500 фирми во овој регион и околу 60 илјади граѓани со кредитни картички

Шекеринска: Само во ИЕ 5 поддржавме 4.500 фирми во овој регион и околу 60 илјади граѓани со кредитни картички
Ss2

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Изборната единица 5 е буквално нашата држава во мало и од аспект на проблеми и од аспект на убавини, и од аспект на етнички, и од аспект на јазички религиозен состав и заради тоа втора пат ми претставува предизвик да зборувам, да се залагам и да се борам за интересите на овие граѓани, истакна вечерва потпретседателката на СДСМ и носителка на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ петтата изборна единица Радмила Шекеринска.

Таа нагласи дека фокусот на коалицијата и во ИЕ 5 ќе биде да и даде сериозна поддршка на економијата особено на домашните претпријатија како што тоа го правеле во изминатите 2,5 години.

Ss1

– Да продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, очекуваме еден од главните правци Кичево -Охрид да биде готов на крајот на 2021-ва, но предвидуваме дополнителни патишта и експресни патишта. И трето, многу ни е важно во овој регион да инвестираме сериозно во здравство, јавното здравство кој сега со Ковид кризата ни покажа колку е важно, потенцираше Шекеринска.

Таа посочи дека затоа веќе почнале сериозни проекти во неколку општини и тие инвестиции веќе се гледаат.

– Регионот од петка е капацитет за државата и во поглед на развој на туризмот, меѓутоа ако сакаме да развиваме нов модерен тип на туризам ни требаат и овие инвестиции во инфраструктурата, и поддршка на домашните компании, но да водиме сметка и за екологијата и за животната средина. Изборната единица 5 е единствената ИЕ во која што функционираат три Национални парка, и нашата сериозна заложба ќе ни биде да ја продолжиме инвестицијата во ваков туризам, и да ја продолжиме инвестицијата се разбира во поддршка на домашните капацитети, рече Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ нагласи дека само во период на Ковид кризата поддржале 4.500 фирми во тој регион, подржаале околу 60 илјади граѓани со кредитни картички, со парите кон граѓаните, истакнувајќи оти очекуваат во ИЕ 5 навистина да се решат суштинските проблеми. см/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа