Утрински Весник
Македонија

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада: „Донесов чесна и принципиелна одлука“

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада: „Донесов чесна и принципиелна одлука“

Актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска објави дека нема да биде дел од новата Влада, која треба да ја состави идниот мандатар Димитар Ковачевски, поради, како што рече, принципиелни причини.

На денешната прес-конференција во Министерството за одбрана, одговарајќи на новинарско прашање, Шекеринска кажа дека нејзината партија не ги разбрала пораките од јавноста кои, според неа, довеле до пораз на локалните избори и затоа нема да учествува во новата Влада.

„Пред осум месеци, најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ бидејќи не се согласував со дел од политиките. Можеби сум субјективна, но дел од тие политики придонесоа за поразот на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме. Затоа, мислам дека единствена чесна и принципиелна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следата Влада“, изјави Шекеринска, на прес-конференцијата во Миниистерството за одбрана, посочувајќи дека за овој свој потег ги известила и колегите.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан