Утрински Весник
Спорт

Швеѓанките изборија финале на фудбалскиот турнир во Токио

Швеѓанките изборија финале на фудбалскиот турнир во Токио

Фудбалската репрезентација на Шведска ќе се бори за златниот медал, на турнирот во женска конкуренција, на Олимписките игри во Токио.

Швеѓанките до финалето дојдоа со голот на Рофо, која погоди на стартот од вториот дел, во 46.минута.

Фудбалерките на Шведска, постигнаа уште еден гол, во 92.минута, но тој беше поништен по сугестијата од ВАР собата.

Во 96.минута, Австралијката Карпентер доби црвен картон.

Шведска за златниот медал ќе се бори со Канада, која претходно приреди изненадување со победата од 1:0, во дуелот со САД.

> Швеѓанките изборија финале на фудбалскиот турнир во Токио <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0