Утрински Весник
Свет

Шведска ѝ дава на Украина помош од 5,4 милиони долари

Шведска ѝ дава на Украина помош од 5,4 милиони долари

Шведска денеска објави дека ќе и даде на Украина 50 милиони шведски круни или околу 5,4 милиони долари во период од три години со цел да го поддржи економскиот развој, дијалогот и зајакнувањето на таа земја.

Парите ќе одат во „Партнерскиот фонд за издржлива Украина“, кој беше лансиран во соработка со Обединетото Кралство, Швајцарија и САД, пренесува Ројтерс.

„Фондот ќе придонесе за зајакнување на Украина. Ќе може брзо и флексибилно да одговори на потребите кои се развиваат и материјализираат како резултат на руската агресија од 2014 година“, рече во изјавата шведската министерка за надворешни работи Ен Линде.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози