Утрински Весник
Свет

Шведска го презема претседателството со ОБСЕ

Шведска го презема претседателството со ОБСЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шведска од денеска на една година е нов претседавач со Организацијата за европска безбедност и соработка. Фокусот на претседателството, како што е најавено во Стокхолм, ќе биде кон зајакнување на безбедноста и демократијата.

Во пресрет на преземањето на претседателството со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Шведска, Ан Линд, објави дека Шведска ќе работи на зајакнување на безбедноста и демократијата во Европа и непосредното опкружување, со фокус на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Во средината на јули, на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ, Роберт Ридберг, заменик министерот за надворешни работи на Шведска посочи дека Шведска го презема претседателството во предизвик, што бара фокусирање на темелите на кои се потпира организацијата, имено европскиот безбедносен поредок, сеопфатен безбедносен концепт и продолжување напори за решавање на конфликтите на ОБСЕ.

Потсетувајќи на Хелсиншката повелба од 1975 година, Ридберг тогаш рече дека „европскиот безбедносен поредок – територијален интегритет, воздржување од закана или употреба на сила и поддржување на правото на секоја држава да ги избере своите надворешни и безбедносни аранжмани – е клучен интерес за безбедносната политика за нејзината земја, и ова го додава интересот на ОБСЕ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп