Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има
Img 7972

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска ќе испрати писмо до Синдикатот за образование и наука (СОНК) и неговото членство да им дозволат на учениците да се вратат на настава. Министерот изрази надеж дека од понеделник ќе се нормализира воспитно образовниот процес.

Шаќири повтори дека штрајкот на СОНК е опција која е уставно и законски гарантирана и како таква тој ја почитува, но смета дека предност треба да се даде на социјалниот дијалог за надминување на проблемите.

„Покачување на платите ќе има. Приоритет за мене како министер, особено за семејствата на учениците и нивното враќање во училишните клупи. Не смееме да дозволиме нов луксуз и учениците да загубат. Тоа ќе предизвика дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат. Најдобар интерес е учениците да се врататна настава и да бидат меѓу своите врсници“, истакна министерот.

За време на вчерашните преговори меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири не беше постигнат договор за зголемувањето на платите на просветните работници и прекин на штрајкот.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка