Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Печатени учебници мора да постојат, но тоа не ја исклучува важноста на дигиталната форма

Шаќири: Печатени учебници мора да постојат, но тоа не ја исклучува важноста на дигиталната форма

Печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на првата конститутивна седница на Националната комисија за учебници формирана од Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во просториите на МОН.

„ Како министер задолжен за непречено одвивање на образовниот процес Ви нудам отворена соработка, секогаш ќе бидам достапен за надминување на евентуални ситуации и проблеми што би се наметнале во текот на работењето. Важно е да се работи тимски, зашто само така ќе стасаме до успешни резултати, рече министерот пред членовите на Комисијата.

ВД директорката на Педагошката служба, Вангелија Велева повикувајќи се на досегашното искуство од работењето укажа дека процесот на создавање еден учебник е долг и гломазен, најчесто заглавен низ лавиринти што не зависат од вработените, но должност и обврска на МОН и Педагошката служба е да помогнат во процесот на продуцирање квалитетни учебници.

Можете да прочитате

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај Башановиќ