Утрински Весник
Свет

Зеленски побарал од Бајден да не го санкционира Абрамович

Зеленски побарал од Бајден да не го санкционира Абрамович

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил претседателот Џо Бајден во телефонски разговор да не воведува санкции за рускиот олигарх Роман Абрамович бидејќи може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит журнал“.

Како резултат на тоа, Белата куќа го уверила Министерството за финансии да не продолжи со плановите за воведување санкции на Абрамовиќ, велат извори запознаени со ситуацијата.

Истите извори наведуваат дека Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович. Белата куќа не ја коментираше ситуацијата, ниту Министерството за финансии.

„ Нема да објавуваме приватни разговори меѓу претседателот Бајден и Зеленски“, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност.

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал