Утрински Весник
Македонија

Чулев: Полицајците да водат сметка за своето здравје, но и да бидат на располагање на граѓаните

Чулев: Полицајците да водат сметка за своето здравје, но и да бидат на располагање на граѓаните

 

Скопје, 25 март 2020 (МИА) – Полициските службеници да бидат максимално претпазливи пред се водејќи сметка за своето здравје, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантин, апелираше денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при посетата на полицајците кои ги обезбедуваат лицата сместени во државниот карантин во центарот на Скопје.

Од МВР соопштија дека министерот Чулев бил информиран за протоколите по кои полицијата постапува во државниот каарантин, како и дека полициските службеници се поставени на влез и на секој спрат од хотелот, со цел гарантирање на безбедноста и одржување на редот во објектот.

Карантинот во траење од 14 дена се воведува за сите македонски државјани, кои се враќаат во нашата земја. Транспортот од граничниот премин до карантинот го врши овластен превозник одреден од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а Министерството за внатрешни работи го придружува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денешниот ден во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Пелагонија пет месеци без испитен центар за Тошковски да го намести милионскиот бизнис на сопартиец

СДСМ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија економски е понижена

Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик