Утрински Весник
Македонија

Чулев: Одлуката за ограничување на движењето не е идеална, но треба да се почитува

Чулев: Изјавата на Ангеловска е доказ за негрижата за вработените во МВР

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во пресрет на празникот Задушница и Духовден апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето.

– Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, значаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од вирусот Ковид 19. Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни, и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните, напиша Чулев на својот Фејсбук профил.

Порачува дека сите се одговорни за сопственото, но и за јавното здравје и оти дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Државата става на продажба три апартмани на Мијалков во Панорама резиденс

Вториот блок на РЕК Битола конечно повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани