Утрински Весник
Македонија

Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси

Пробно возење низ Скопје на новите еко автобуси

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – За време на карантинскиот викенд ЈСП „Скопје“ го пушти на пробно возење новите еко автобуси, а воедно во тек е и обуката на возачите.

Како што соопштија од Град Скопје со пробното возење на новите автобуси, кои наскоро ќе станат дел од јавниот транспорт, до недела ќе бидат обучени 25 возачи, а обуките ќе продолжат и во наредниот период.

Досега во Скопје се стигнати 13 нови еко автобуси, десет единечни и три зглобни, а во текот на наредната недела ќе пристигнат уште 3 нови автобуси, два зглобни и еден единечен. Единечните автобуси се со капацитет за 81 патник, а зглобните за 149 патници.

Набавката на новите еко автобуси чини 10 милиони евра, а парите се обезбедени преку кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АВМУ: Новинарите мора да можат слободно и непречено да ја вршат својата работа без закани

Расчистено пукањето од 08 август во тетовско, уапсени три лица

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“