Утрински Весник
Спорт

Чудо во Палермо – Епска Македонија, италијанска трагедија

Чудо во Палермо – Епска Македонија, италијанска трагедија

Сензационалната победа на Македонија над Италија е главна тема во светските медиуми. Александар Трајковски во 92.минута го постигна голот со кој Македонија избори финале со Португалија, за пласман на Светското првенство во Катар.

„Епска Македонија, италијанска трагедија“, објави тиражната „Марка“ по натпреварот во Палермо.

„Италијански срам, Европскиот првак остана без пласман на Светското првенство“, е насловот во германски „Билд“.

„Македонија ќе игра финале со Португалија, Италија се враќа во апокалипсата“, пишува во текстот на „Газета дело Спорт“.

„Скандалозната Италија ќе пропушти уште едно Светско првенство“, критикува португалската „А Бола“.

„Италијански кошмар“, е насловот во „Дејли мејл“.

> Чудо во Палермо – Епска Македонија, италијанска трагедија <

Можете да прочитате

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС

„Јане Сандански“ грмеше, Вардар беше на чекор до бод – Нант славеше со еден гол

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март