Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Чибишев: Надлежните не ги знаат кластерите и изворите кои ја шират болеста

Чибишев: Надлежните не ги знаат кластерите и изворите кои ја шират болеста
Img 7972

Бројката на новозарарзени со коронавирусот од ден на ден само се зголемува, изјави Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека Штип, градот на текстилната индустрија по последно објавените бројки е втора општина по бројот на новозаразени со коронавирусот. Вели дека бројката на активни случаи во градот се движи кон 500, а ниту епидемиолозите, ниту eкспертите за заразни болести не очекуваат во наредните денови бројката на новозаразени да се намалува.

„Ова не е тренд само во овој град, туку во сите останати градови ширум државата. Бројката се зголемува и во помалите општини кои не бележеа нови случаи. Ниту најгласните функционери за почитување на мерките деновиве гледаме како не ги почитуваат истите. Бројот на заразени од корона вирусот надмина 10 илјади, а бројката на починати се движи кон 500. Ова само покажува дека надлежните ниту знаат каде одат, ниту како треба да се справат со тешката ситуација. Надлежните не ги знаат ниту кластерите, не ги знаат изворите кои ја шират болеста. Не знаат ниту што ни се случува, дали е ова пик на првиот бран, ниту дали е втор или што е воопшто ова што денес ни се случува. Поради неспособноста на Владата на СДСМ состојбата не е под контрола“, рече Чибишев.

Оцени дека ситуацијата која произлегла од Ковид-19 само ја потврдила неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира како со текот на епидемијата, така и со здравствениот систем воопшто. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Ќе беше добро да слушнеа нешто од предлозите на експертите и да превземеше нешто што ќе спасува животи, додаде тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски од ГП „Табановце“: Со „One Stop“ системот неколкукратно намалено времето на чекање

„Мајка“ на Стругар Митевска селектиран на 38. Интернационален филмски фестивал во Токио

Триумфално завршување на Балканската турнеја на НУ Ансамбл „Танец“