Утрински Весник
Свет

Чешка ќе бара обештетување од Русија за експлозиите во Врбетице

Чешка ќе бара обештетување од Русија за експлозиите во Врбетице

Чешка има намера да побара најмалку една милијарда чешки круни (приближно 39 милиони евра) од Русија како компензација за материјалната штета од експлозиите во депоата во селото Врбетице, изјави вицепремиерката и министерка за финансии, Алена Шилерова, објави ТВ-каналот „Чешка телевизе“.

„Наједноставниот начин да се добие отштета од Русија е добивање надомест со примена на норми од меѓународното право. Ако го следиме патот на барање надомест на штета, на пример, преку кривична постапка, тоа може да трае долго, многу долго“, вели Шилерова.

На 17 април, Прага објави дека Москва наводно била вмешана во експлозии на складишта за муниција во источното чешко село Врбетице во 2014 година и протера 18 вработени во Руската амбасада во Прага.

Руското Министерство за надворешни работи по ова прогласи 20 вработени во Амбасадата на Чешка во Москва за персона нон грата.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција