Утрински Весник
Свет

Чешка нема да набави „Спутник в“ и ја исфрла руската „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешка нема да набави „Спутник в“ и ја исфрла руската „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влади објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа од набавка на руската вакцина „Спутник в“ во услови на дипломатски конфликт со Москва.

Одлуката е донесена по неколку меѓусебни протерувања на дипломати, откако Прага ги обвини руските тајни служби за смртоносната експлозија на чешка територија во 2014 година, во која загинаа две лица.

„Нема да бараме документи за проценка на безбедноста од ‘Росатом’“, им рече на новинарите чешкиот министер за индустрија и трговија, Карел Хавличек.

По одлуката за исклучување, договорoт за изградба на нова единица во нуклеарната централа „Дуковани“ на југот од Чешка до 2036 година, можеби ќе биде склопен со францускиот ЕДФ, јужнокорејскиот КХНП и американскиот „Вестингхаус“.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек објави и дека неговата земја сега веќе нема намера да ја набаби руската вакцина против Ковид-19, „Спутник в“.

„Ќе се потпреме на вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, ЕМА“, додаде тој.

Употребата на „Спутник в“ предизвика превирања на чешката политичка сцена.

Пред една недела, чешкото претседателство објави смена на министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, кој беше против употребата на таа вакцината без одобрение во Европа.

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер