Утрински Весник
Свет

Индискиот вид коронавирус пристигна во Израел, вакцината „Фајзер“ делумно ефективна

Индискиот вид коронавирус пристигна во Израел, вакцината „Фајзер“ делумно ефективна

Израел регистрира осум случаи на коронавирусот, кој за првпат беше идентификуван во Индија и се верува дека вакцината „Фајзер/Бионтек“ барем делумно штити од овој вид коронавирус, изјави денеска израелски здравствен службеник.

Првите седум случаи на индискиот вид на коронавирус беа откриени во Израел минатата недела меѓу луѓето кои пристигнале однадвор и кои оттогаш биле подложени на прелиминарно тестирање, соопшти Министерството за здравство.

„Впечаток е дека вакцината на ‘Фајзер’ е ефикасна против овој вид, иако со намалена ефикасност“, рече Хези Леви, генерален директор на Министерството за здравство.

Велика Британија и Ирска исто така објавија дека го истражуваат индискиот вид на коронавирус откако го откриле во нивните земји.

Израел, земја со 9,3 милиони жители, целосно вакцинира 81 процент од граѓаните постари од 16 години по што заразата со Ковид-19 и хоспитализациите нагло се намалија.

Можете да прочитате

Новиот крал на Норвешка ќе биде познат како Хокон Осми, соопшти кралската палата

Шведски воени авиони и бродови ќе ја штитат безбедноста на Финска

Кинеска уапсена на аеродромот Фјумичино во Рим со пет килограми кокаин