Утрински Весник
Спорт

Чеферин постави краен рок за крајот на сезоната во Лигата на шампионите и Лигата на Европа

УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Нион, 5 април 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека опциите и решенијата за продолжување на фудбалските натпревари се истражуваат на дневна основа, но сигурно е дека 3 август е последниот рок за завршување на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Неуспехот да се стори тоа може целосно да ги откаже овие две натпреварувања оваа сезона.

Чеферин изјави дека, како и целиот свет, фудбалот е на непознат терен, така што Европската фудбалска организација секојдневно ги испитува можностите под кои би се продолжиле фудбалските натпревари.

– Крајниот рок за завршување на Лигата на шампиони и Лигата на Европа е секако 3-ти август. Ние сме во непозната ситуација и треба да бидеме флексибилни – можеби ќе треба да играме во истите денови, дури и во истите термини како националните лиги. Имаме неколку различни сценарија за Лигата на шампионите и Лигата на Европа продолжува во мај, јуни или јули, а постои можност и преостанатите натпревари да не се играат воопшто. Ќе зависи многу од владите на одделните земји и дали тие ќе дозволат да се игра фудбал. Ако тие речат не, не можеме да сториме ништо околу тоа. Ќе биде касно веќе на септември и октомври, рече Чеферин за „ЗДФ“.

Постојат неколку модели според кои сезоната може да се заврши.

– Можеме да ја завршиме сезоната со постојниот систем или со еден меч на неутрален терен. Исто така, постои опција „Фајнал фор“ или Ф8, но засега сето тоа е во сферата на теоријата. Единствената погрешна одлука што би можеле да донесеме во моментов е да го загрозиме здравјето на играчите, навивачите и судиите, додаде првиот човек на УЕФА.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум