Утрински Весник
Спорт

Тони Паркер застанува на чело на Лион?

Тони Паркер стави крај на неговата кариера

Лион, 5 април 2020 (МИА) – Прославениот кошаркар Тони Паркер наскоро би можел да добие сериозна улога и во светот на фудбалот.

Според „Екип“, сопствениците на Лион ја разгледуваат можноста Паркер да го наследи претседателот на „лавовите“, Жан-Мишел Ола од 2023 година, кога истекува мандатот на актуелниот лидер.

Сопствениците на Лион имаат удел во Асвел, каде Паркер работи како претседател, тие купиле 25 проценти од кошаркарскиот клуб, така што соработката е засилена во претходните години.

Поранешниот кошаркар на Сан Антонио се чини дека толку добро ја игра улогата на шеф, толку многу што сега го сакаат во фудбалски гигант како Лион.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум