Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на 45. Конгрес на оваа организација, уште еднаш го осуди формирањето на Суперлигата. Во своето обраќање, тој им порачал на клубовите основачи, да се сетат каде биле пред 15, 20 или 30 години и да не го гледаат фудбалот само преку своите банкарски сметки. Во својот говор, Чеферин спомна и два клуба од Балканот, Црвена звезда и Динамо Загреб.
Веста дека 12 клубови (Реал, Барселона, Атлетико, Јувентус, Милан, Интер, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер сити) формираа своја лига, која ја нарекоа Суперлига, предизвика земјотрес во фудбалскиот свет.
„Каде беше Манчестер јунајтед во десенијата пред на сцената да стапи сер Алекс Фергусон. Се сеќавате? Каде беше Јувентус пред 15 години? Колку што знам во Серија Б. Доколку клубовите кои доминираа во европскиот фудбал пред 30 илим 40 години, се одлучеа да формираат Суперлига, како ќе изгледаше таа? Тука ќе беа Нотингем форест, Астон Вила, Хамбург, Стеауа, Порто, ПСВ Ајндховен, Црвена звезда. Тие тогаш беа кремот на европскиот фудбал. Во тие времиња тоа ќе беше Суперлигата. Но фудбалот се менува, а некои тоа не можат да го разберат. Тие ги гледаат промените само на своите сметки во банките“, рекол Чеферин и дополнил.
„Ти клубови што сега мислат дека се недопирливи, треба да се сетат откаде дојдоа. Терба да разберат дека ако сега се европски гиганти, тоа е и поради тоа што УЕФА 60 години ја брани идејата, само спортските резултати да бидат важни во натпреварувањата. Без УЕФА кој знае каде ќе беа…“
Моделот на Суперлигата многумина го споредија со НБА лигата и велат дека на овој начин европскиот фудбал ќе биде америкаризиран.
„Некои мислат дека за да успееме треба да копираме нечии друг модел. Но, не заборавите дека постои причина поради која европскиот фудбал е најпопуларен. Европскиот фудбал се темели на моделот кој успеа да му одолее на забот на времето. Ова е модел кој е заснован на различности. На натпреварите што ги организира УЕФА потребни и се Аталанта, Селтик, Ренџерс, Динамо Загреб, Галатасарај. Потребни ни се овие клубови. Луѓето мора да знаат дека во фудбалот се е можно, дека секој има шанса“.
> Чеферин: Каде бевте во минатото? Пред 30 години Суперлига ќе формираа Нотингем, Порто, Црвена звезда, Стеауа, ХСВ… <