Утрински Весник
Македонија

Четири нови случаи на Ковид 19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Четири нови случаи на Ковид 19 во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Гостивар, 6 јуни 2020 (МИА) – Со последните тестирања за откривање новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, откриени се шест нови случаи. Четири од новооткриените се од градот, од кои три се поврзани со кластерот во ЈП „Комуналец“. По речиси двонеделна пауза, повторно се појавија позитивни резултати во општина Маврово и Ростуше. Во селото Требиште две лица со симптоми на болеста имале позитивни резултати на ковид-19.

Според информациите на Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, во текот на вчерашниот ден биле тестирани 16 лица. До денеска вкупниот број  активни случаи во гостиварскиот регион достигна 26, Во општина Гостивар 13, во Врапчиште 11 и Маврово и Ростуше два.

Од почетокот на пандемијата, во Гостиварско направени се 454 тестирања, Досега излекувани се 18, меѓу кои има и пет медицински лица. Од последици на ковид-19 во Гостиварско починаа три лица.згм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември