Утрински Весник
Македонија

Четири лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на „Партизанска“во Скопје

Четири лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на „Партизанска“во Скопје

Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико. Повредените се однесени со возило на Брза помош во Градската општа болница „8-ми септември“.

Во несреќата учествувале мотор и автомобил. Автомобилот е со тетовски регистарски таблички. Задното стакло на автомобилот е целосно искршено и распрскано на улицата. Моторот е оставен веднаш зад автомобилот, а до него има траги од крв.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Засега нема подетални информации како се случила сообраќајката.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Михаилова замина во Бугарија без судска дозвола: Рауфи затекнат, се проверува преминувањето на границата

Македонската книжевност со успешно претставување на Саемот на книгата во Франкфурт