Утрински Весник
Свет

Четворица унгарски војници се повредени откако мигранти насилно се обиделе да ја преминат српско-унгарската граница

Четворица унгарски војници се повредени откако мигранти насилно се обиделе да ја преминат српско-унгарската граница

Синоќа група од петнаесет мигранти насилно се обиделе илегално да ја преминат српско-унгарската граница, објави унгарската полиција. Четворица унгарски војници се полесно повредени, пренесуваат регионалните медиуми.

Мигрантите се обиделе да ја совладаат воената патрола долж оградата на унгарско-српската граница, користејќи гас.

Сепак, според соопштението, полицијата и воените сили на Унгарија успеале да го спречат нелегалниот премин на границата.

„Колегите ќе сторат се за да го зачуваат јавниот ред и безбедност, имаат доволно луѓе и технички средства да ја чуваат границата“ , се наведува во соопштението на унгарската полиција.

Можете да прочитате

Белгиските земјоделци излегоа на протест

Над 5.000 убиени во протестите во Иран

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин