Утрински Весник
Македонија

Парични казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице за депонијата во Росоман

Парични казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице за депонијата во Росоман

Инспектор изврши надзор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот периот и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Во текот на надзорот имаше траги од горење и видлив чад на повеќе места.

Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично, 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице. Исто така, издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад.

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири