Вчера во 17:45 часот, на регионалниот пат 1303 Прилеп – Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди“ управувано од Ќ.Х.(50) од Кичево и товарно моторно возило „ман“ управувано од С.Ј.(63) од с.Долно Оризари, Битолско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ќ.Х., а со повреди се здобиле сопатниците во патничкото моторно возило, Ј.Х.(47) од с.Брждани, Кичевско, С.И.(47) од с.Гарани, Кичевско, и 16-годишно момче од Кичево на кои им била укажана лекарска помош во Градската болница Прилеп. За незгодата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп, соопшти МВР.