Утрински Весник
Македонија

Честитки по повод месец Рамазан од градоначалниците Дука, Ибраим и Куртовски

Честитки по повод месец Рамазан од градоначалниците Дука, Ибраим и Куртовски

Дебар, 23 април 2020 (МИА) – По повод светиот месец Рамазан честитки со желби за лесен и благословен пост до верниците упатија градоначалниците на општините Дебар, на Центар Жупа и на Маврово и Ростуше.

-Благословениот месец Рамазан, годинава доаѓа во здравствено, економско и духовно обременото време , така што оваа лична жртва во име на Создателот, треба да ја зголеми нашата чувствителност кон се околу нас, да простуваме повеќе, да почитуваме повеќе, да помагаме повеќе. Во оваа прилика посакувам лесен и прифатен пост, и што е можно поскоро надминување на ситуацијата во која се
наоѓаме, стои во честитката на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.

И првиот човек на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим честитајќи го почетокот на месецот Рамазан, посака тој да мине во слога,хармонија,разбирање.

– На верниците од нашата општина и пошироко им посакувам среќен да им биде избраниот месец Рамазан, чиј почеток е милост, средината простување, а крајот спас од џехенемскиот (пеколниот) оган. Овој свет месец нека биде можност да го поправиме нашиот однос кон Аллах, кон себе,
кон фамилијата, кон роднините, пријателите,соседите…Аллах нека Ви подари сила. Посакувам овој месец да го поминете во добро здравје, среќа и духовна исполнетост, наведува во честитката Ибраим.

Од свое лично име и од име на Советот и администрацијата до граѓаните на општината и сите муслимани ширум светот честитка упати и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

-Нека Аллах, во овие тешки моменти настанати од пандемијата во која се наоѓаме, ги исполни нашите домови со радост, нашите срца со добрина, нашиот живот со здравје и среќа, денес, утре и секој ден, додека заканата од коронавирусот стане минато, и што поскоро нашите џамии ги наполни со џемаат. Рамазани Шериф Мубарек Олсун за сите мои пријатели, другари, роднини, соработници, за сите муслимани жители на општина Маврово и Ростуше, за сите муслимани ширум светот,стои во честитката на Куртовски.

Потсетува дека светиот месец Рамазан, е месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор.вт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор