Утрински Весник
Магазин

Ченинг Тејтум се враќа за „Магичен Мајк 3“

Ченинг Тејтум се враќа за „Магичен Мајк 3“

„Последниот танц на магичниот Мајк“ ќе биде третиот во серијалот филмови што  ги следи животите на неколку мажи стриптизери и сопственици на мали фирми, а Ченинг Тејтум („Слободно момче“, „Кингсмен: Златниот круг“) го глуми титуларниот лик.

Првиот филм, Magic Mike, чија премиера беше во 2012 година, беше лабаво базиран на искуствата на Тејтум како стриптизер. Вториот, Magic Mike XXL, излезе во кината во 2015 година, а потоа имаше мјузикл на Бродвеј, Magic Mike Live, отворен во 2018 година.

Претстојниот филм, „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance), го најави Тејтум кој твитна фотографија од сценариото.

Во твитот е потврдено и дека филмот ќе се емитува исклучиво на „ХБО макс“, а ќе биде премиерно прикажан во 2022 година.

Можете да прочитате

Навика која родителите ја прават од љубов, а всушност му одмага на детето

Четботовите сериозен ризик за приватноста на корисниците

Кинеската компанија Џуебан го претстави својот револуционерен производ, паметниот тоалет Сјаобан