Утрински Весник
Магазин

Ченинг Тејтум сакал да изгледа како Бред Пит во „Легендите на есента“

Ченинг Тејтум сакал да изгледа како Бред Пит во „Легендите на есента“

Ченинг Тејтум го промовираше својот нов филм „Изгубениот град“, во кој има незаборавно камео од Бред Пит, и откри дека сакал да има долга коса како таа на Пит во „Легендите за есента“.

Во новиот филм, 41-годишниот Тејтум глуми модел од корицата на роман и оди во мисија да ја спаси киднапираната авторка на книгата (Сандра Булок).

Тејтум беше гостин во ток-шоуто „Елен“ во средата, каде што ја пофали Булок, а исто така и Пит.

Тејтум се познава лично со Булок, но ова било првпат да соработува со неа на филм. „Таа може да биде сè што би сакале да биде,“ рече Тејтум. „Исто и Пит е таков.“

А за претстојниот филм, тој рече: „Кога го снимавме ‘Изгубениот град’, им реков: имам едно барање, морам да носам перика на корицата на книгата и сакам да изгледам како Бред Пит во ‘Легендите за есента’. Можете ли да го направите тоа?“

Потоа Ченинг и Елен разговараа за новото продолжение на „Магичен Мајк“. „Мора постојано да вежбам за да се вратам во форма, рече актерот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста