Утрински Весник
Спорт

Чачиќ: Динамо Загреб е фаворит, но имаме респект за Шкупи

Хрватскиот првак Динамо Загреб ја прифаќа фаворитската улога против Шкупи и реваншот во Скопје. Во пресрет на утрешниот меч, тренерот Анте Чачиќ истакна дека Динамо посакува пласман во следната рунда од квалификациите во ЛШ.

dobivaj vesti na viber

„Ја прифаќаме фаворитската улога, со оглед на клупското педигре и остварувањата во минатото, но исто така и максимално го респектираме Шкупи. Тие покажаа дека се добар тим на првиот меч на „Максимир“. Подготвени сме, нашата цел е да се пласираме во следната рунда од ЛШ и ќе го дадеме максимумот за да успееме во тоа. Останува утревечер да одиграме многу подобро отколку на првиот натпревар“, изјави тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.

Натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра утревечер, со почеток во 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите