Утрински Весник
Свет

Часовник на Хитлер продаден за 1,1 милион долари, Евреите со осуда за аукцијата

Часовник за кој се тврди дека му припаѓал на Адолф Хитлер е продаден за 1,1 милион долари на аукција во САД, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

На часовникот „Хубер“, кој му бил продаден на анонимен понудувач, има свастика и на него се изгравирани иницијалите А.Х., пишува Би-би-си.

Еврејските здруженија ја осудија аукцијата. Меѓутоа, аукциската куќа, која претходно продавала нацистички предмети, за германските медиуми изјавила дека нејзината цел е „да ја зачува историјата“.

Во каталогот стои дека часовникот најверојатно му бил даден на Хитлер за неговиот роденден во 1933 година.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја