Утрински Весник
Спорт

Чалханоглу пред трансфер во Јувентус

Чалханоглу пред трансфер во Јувентус

Хакан Чалханоглу ќе го напушти Милан по завршувањето на сезоната како слободен играч. Италијанските медиуми тврдат дека репрезентативецот на Турција кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Чалханоглу ги прифатил условите на Јувентус. Старата дама на фудбалерот му понудила двегодишен договор вреден пет милиони евра по сезона. За споредба, Милан му понудиле договор со годишна плата од четири милиони евра.

Италијанските медиуми се согласуваат дека Чалханолгу само во една ситуација може да го одбие Јувентус, а тоа е Милан да избори пласман во ЛШ, а Јувентус да не успее. Во една таква ситуација, овие извори пишуваат дека Милан ќе ја зголемат понудата за Чалханоглу да остане во Милан.

> Чалханоглу пред трансфер во Јувентус <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија