Утрински Весник
Свет

Црна Гора прва во регионот според бројот на новозаболени, ќе разгледуваат нови мерки

Црна Гора прва во регионот според бројот на новозаболени, ќе разгледуваат нови мерки
Dik 300x250 mk

Според последните податоци, Црна Гора е на прво место во регионот според бројот на новозаболени во последните две недели.

Епидемиологот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Марија Божовиќ рече дека е рано да се зборува за помалку новoзаразени од коронавирусот и олеснување на епидемиолошките мерки во Црна Гора.

Божовиќ рече дека работната група на Институтот ќе разгледува нови мерки, за кои ќе одлучуваат властите.

„Прерано е да се зборува за трендот на опаѓање на заразата. Бројките во последните неколку дена покажуваат благ пад, но тоа не ни значи многу за краток временски период во епидемиолошка смисла“, рече Божовиќ за подгорички „Дан“.

Таа додаде дека досегашните построги мерки дале резултати досега и дека не треба да се олеснуваат.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп