Утрински Весник
Свет

Црна Гора ги испраќа најтешките пациенти на лекување во Австрија

Црна Гора ги испраќа најтешките пациенти на лекување во Австрија

Австрија прифати уште еден тежок ковид-пациент од Црна Гора на лекување. Тоа е трет пациент од Црна Гора што е однесен на лекување во Австрија.

Пролетта, првиот тешко болен Црногорец беше примен на одделот за интензивна нега во Клагенфурт, а за Божик вториот сериозно болен пациент беше примен на одделот за интензивна нега во Грац.

„Солидарноста е повеќе од убав збор за нас. Особено врз основа на нашето блиско партнерство со земјите од Западен Балкан, нашата помош се подразбира. Особено се заблагодарувам на клиниката во Винернојштат и покраината Долна Австрија што веднаш беа подготвени да помогнат во оваа ситуација “, рече министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела