Утрински Весник
Свет

Ципрас заразен со коронавирус

Ципрас заразен со коронавирус

Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид-19.

Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни, објави „Катимерини“.

„За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза.

Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.

Можете да прочитате

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната на увоз на руски гас

Турција заработи 65 милијарди долари од туризмот

Франција планира забрана за социјални медиуми за деца под 15 години