Утрински Весник
Економија

Цените на бензините паѓаат за седум ипол денари, на дизелот за шест денари

Стружани со службени картички полнеле гориво во сопствените автомобили
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините ќе се намалат за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар. Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

– Со оваа одлука покажавме дека нашата методологија функционира и во пракса и е целосно ориентирана кон потрошувачите. Цената на безините 95 и 98 се намалуваат за 7,5 денари, а на дизелот за шест денари. Ова е пониско од рекордното намалување есента 2008 година кога цената на бензините се намали за седум денари, а на дизелот за 5,5 денари, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, додавајќи дека цената на бензините и на дизелот е пониска во однос на државите од регионот.

Бислимоски порача дека електроенергетскиот систем, системот за топлинска енергија и снабдувањето со вода се одвива непречено и оти нема никакви проблеми.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје