Утрински Весник
Свет

Целиот источен брег на Јапонија доби предупредување за цунами, се очекуваат бранови и до три метри

Целиот источен брег на Јапонија доби предупредување за цунами, се очекуваат бранови и до три метри

Ерупцијата на подземниот вулкан во близина на Тонга предизвика паника во Пацификот, па беа издадени предупредувања за можно цунами за целиот источен брег на Јапонија, како и за јужниот остров Амами и синџирот острови Такара.

Цунамито предизвикано од подводната вулканска ерупција веќе ја погоди пацифичката држава Тонга и поттикна многу други нации да издаваат слични предупредувања, вклучително и САД и Јапонија.

Ерупцијата била толку голема што можела да се види од вселената, пишуваат агенциите.

Жителите се предупредени да се евакуираат од крајбрежните области и да бараат повисоки места  а се очекува брановите да достигнат висина од три метри.

Некои локални медиуми објавија дека цунами брановите веќе стигнале до бреговите на Тохоку и Окинава .

Најстрогиот совет е за островите Амами и Токари, каде брановите би можеле да достигнат три метри, според Јапонската метеоролошка агенција.

Мапата на агенцијата покажува дека целиот источен брег на земјата е осветлен со жолто предупредување за цунами, додека делови од синџирот острови на југ имаат црвени предупредувања.

Можете да прочитате

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија

Упадот на беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка, смета Трамп

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар