Утрински Весник
Економија

Царовска: Преку партнерство со компаниите до сигурно вработување на младите

Царовска: Преку партнерство со компаниите до сигурно вработување на младите

Согласно потребите на релниот сектор, министерката за образование Мила Царовска најави дека преку социјален дијалог ќе се усогласува повик за нови профили и запишување на учениците во средните училишта.

Царовска имаше средба со компаниите, средните стручни училишта и локалните самоуправи во Скопје, а на истата присуствуваа и заменик министерот за образование и наука Афарат Шабани, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и Амбасадорорката на Швајцарија Сибил Сутер.

“Овој социјален дијалог се одвива под мотото „Учи паметно, работи стручно“ . Целта е да ја вратиме довербата меѓу компаниите и средните стручни училишта, што и нашата држава го памети како состојба, заради тоа што никогаш не може да имате опремени училишта со најнова технологија, а при тоа ги имате на локално ниво компаниите кои што располагаат со соодветна технологија која што е конкурентна на пазарот на труд“, истакна Царовска.

Напомена дека на тој начин учениците освен што ќе учат по современи програми во училиштата, подготвени заедно со компаниите, ќе можат и својата пракса да ја спроведуваат во компаниите.

„Компаниите ги отворија своите врати и од нашето истражување кое што го направивме со 450 компании во изминатиот период добивме резултати дека 85 отсто се подготвени или да ги вклучат учениците во дуално образование кај нив или да примат ученици на пракса во првите години од нивното образование“ рече Царовска.

Министерката потенцираше дека на овој начин од наредната учебна година ќе се запишат ученици во профили кои што им се потребни на компаниите и на тој начин ќе се отвори можност младите луѓе веднаш по завршување на средното стручно образование да бидат вработени и директно да се вклучат на пазарот на трудот.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер, истакна дека Швајцарија е добар пример за дуалното образование, што ја прави швајцарската економија да биде многу конкурентна.

„Со овие средби сакаме да ги чуеме компаниите и нивните потреби за во иднина, да го доближиме дуалното образование до компаниите. Сметам, дека дијалогот е клуч, овој систем да биде успешен и да се зајакне приватниот сектор во државата“, додаде Сутер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена